ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОСТАПИЈА ЗАКОНСКИ СО МУКОСКИ, ПЕШЕВСКА И АРНАУДОВ, МУ ОДГОВОРИ СПАСОВСКИ НА МЕМЕТИ

    ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОСТАПИЈА ЗАКОНСКИ СО МУКОСКИ, ПЕШЕВСКА И АРНАУДОВ, МУ ОДГОВОРИ СПАСОВСКИ НА МЕМЕТИНародниот правобранител ја обвини полицијата дека на 28 ноември ги уапсила и ги спровела пратениците со лисици на рацете до Кривичниот суд, иако тие се повикале на пратеничкиот имунитет. - Омбудсманот Иџет Мемети; Министерот Оливер Спасовски (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му одговори на Народниот правобранител Иџет Мемети дека полицијата при приведувањето на пратениците на 28 ноември постапила согласно законот.

    „Во врска со настаните во Собранието од 27 април  полицијата постапуваше врз основа на наредба издадена од Судот и полицајците постапиле согласно законските овластувања“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако Народниот правобранител Иџет Мемети отвори  постапка за случајот со приведувањето на пратениците од ВМРО- ДПМНЕ Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов.

    Правобранителот ја обвини полицијата дека на 28 ноември ги уапсила и ги спровела пратениците со лисици на рацете до Кривичниот суд, иако тие се повикале на пратеничкиот имунитет.

    Пратеникот Крсто Мукоски беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје на 28 ноември без лисици на рацете, но некои медиуми објавија дека е со лисици. Другите двајца пратеници за кои Мемети покрена предмет јавноста не ги виде кога влегуваа во судот.

    Иџет Мемети побара од министерот Спасовски да утврди одговорност кај полициските службеници затоа што го прекршиле полицискиот правилник, но Спасовски одговори дека се повикува на законот, а не на правилникот, бидејќи законот е повисок акт од правилникот и не може правилник да дероргира Закон или Устав.

    Пратениците беа уапсени по налог на Основното обвинителство под сомнение за извршено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Осомничени се 36 лица кои учествуваа во организираниот напад на Собранието на 27 април.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира