Демонстрантите со трчање одат кон булеварот Кочо Рацин каде што полицијата ги легитимира возачите на комбето на Шарената револуција. Се празни просторот пред Собранието каде што беа предвидени говори од оргнанизаторите.
Комбето вечерва го вози пратеничката Лидија Димова. Дел од полицајците кои беа околу комбето се повлекоа кога почнаа да пристигнуваат демонстрантите.
Активистите на Шарената револуција ги повикуваат сите граѓани на булеварот Кочо Рацин за поддршка на возачите.