Полицијата вечерва го бара осудениот Никола Груевски откако доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор.
Полицајци, а со нив и новинарски екипи, првин го побараа на адресата од лична карта, но никој не им ја отвори вратата од станот. Полицијата сè уште е во зградата на Бихаќка и акцијата е во тек.
Оној момент кога ќе го најде, МВР присилно ќе го спроведе во затворот Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
На сајтот на МВР е објавена национална потерница по Груевски.