ПОЛИЦИЈАТА И ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА ЗАТВОРИЈА 7 КАФУЛИЊА ВО ЧАИР, РАБОТЕЛЕ И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ОД ВЛАДАТА

    ПОЛИЦИЈАТА И ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА ЗАТВОРИЈА 7 КАФУЛИЊА ВО ЧАИР, РАБОТЕЛЕ И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ОД ВЛАДАТАКафулињата во центарот на Скопје од вчера вечер не работат и се придржуваат кон мерките на Влдата. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Седум кафулиња вечерва се затворени од Пазарната инспекција во скопски Чаир бидејќи не ја почитувале мерката на Владата да не работат, соопшти МВР.

    Инспектори од Пазарната инспекција придружувани од полиција вечерва вршеле контоли низ градот.  Поголемиот дел угостители ја почитувале мерката и биле затворени, но 7 објекти во Општина Чаир работеле и биле затекнати со гости.

    „Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Владата вчера донесе одлука сите угостителски објекти да бидат затворени за гости, а рестораните можат да примаат нарачки онлајн и да ја дистрибуираат храната.

    Техничкиот премиер Оливер Спасовски вечерва апелираше сите граѓани да ги почитуваат мерките на Владата, особено младите луѓе и да не излегуваат од дома.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира