ПОЛИЦИЈАТА МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА НА ШОФЕРОТ НА БЕСИМИ И БЕКТЕШИ, КОЈ ПОМИНА НА ЦРВЕНО И УДРИ ДВЕ КОЛИ

    ПОЛИЦИЈАТА МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА НА ШОФЕРОТ НА БЕСИМИ И БЕКТЕШИ, КОЈ ПОМИНА НА ЦРВЕНО И УДРИ ДВЕ КОЛИПријавата е за кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“. (Фото: И. Јанковска)

    СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Ј.Б. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Станува збор за шоферот на министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, кој на 7 февруари со владина „шкода“ во која беа двајцата министри, направи сообраќајка со три автомобили откако помина на црвено во близина на Владата.

    „Пријавениот, на 07.02.2022 околу 19.15 часот, управувајќи патничко возило ‘шкода’ со скопски регистарски ознаки на булевар Св. Климент Охридски во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор и кога навлегол во крстосницата со булевар Илинден удрил во патничко возило ‘киа’, управувано од А.Т.(36) од Скопје, кое од ударот го променило правецот и удрило во патничко возило ‘фиат’, управувано од Д.П.(45) од Скопје“, велат од МВР.

    Шоферот на Бесими и Бектеши, кој им го пресече патот и ги удри двете прописно тргнати коли, полесно е повреден и беше однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. И возачите на двете други возила поминале со полесни повреди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира