ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 22 ЧАСОТ САМО ВО КРИТИЧНИТЕ ГРАДОВИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 22 ЧАСОТ САМО ВО КРИТИЧНИТЕ ГРАДОВИ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИПредлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите. - Градскиот парк во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача на Владата враќање на полицискиот час, но од 22 до 5 часот во критичните места со голем број активни случаи на КОВИД-19, како Скопје, Тетово, Штип и Куманово, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. За останатиот дел од државата не се препорачуваат дополнителни рестрикции.

    Предлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите, поради тоа што тие неконтролирано се собираат по паркови, на Водно и слично, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ.

    Според првичните податоци, ситуацијата со нови случаи денеска нема да биде драматично различна од претходните денови.
    Активни случаи до вчера имаше 1.226 лица, од кои најмногу во Скопје – 658. Потоа следуваат Куманово со 140, Штип со 136 и Тетово со 119. По општини, активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи се: Чаир 152, Бутел 59, Гази Баба 58, Аеродром 53,Сарај 52, Центар 52 и Карпош 40.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира