Полицискиот час од полноќ до 4 часот останува на сила до 1 јуни, одлучи Владата на денешната седница по препораката на Комисијата за заразни болести, да останат на сила активните мерки за ограничување на движењето.
Останува на сила одлуката летните тераси на угостителските објекти работат до 23:30 часот.
Предлогот за олабавување на мерките беше донесен минатиот понеделник, врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети. Според последните информации од Министерството за здравсттво, во земјава има 3.270 активни случаи на заболени од ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче на 14 мај рече дека постојните мерки треба да бидат на сила најмалку уште една недела, но дека барањата на угостителите за живи свирки и за свадби дополнително ќе се разгледаат.
Филипче кажа дека останува на ставот маски да се носат и на отворено уште некој период, односно додека не се имунизира поголем дел од населението.
Б. НЕСТОРОСКА