ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ СО КРИВИЧНА ПРОТИВ НАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ СО КРИВИЧНА ПРОТИВ НАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА

    Полицискиот независен синдикат поднесе кривична пријава против началникот на струмичката полиција Ѓорги Божинов поради опструкции во работењето на синдикатот што е спротивно на Законот за работни односи. Пријавата до струмичкото јавно обвинителство лично ја достави, првиот човек на синдикатот Гоце Делчев Тодев  кој истакна дека раководството на СВР Струмица не дозволувало членовите на Синдикатот да одржат состанок и биле брутално исфрлени од просториите на струмичката полиција.

    Делчев Тодев најави дека ќе поднесуваат кривични пријави против сите вработени во МВР, без разлика на хиерархиска поставеност, доколку не биде овозможена работата на Синдикатот, согласно Законот за работни односи.

    „На 16 јуни доставивме документи со кои го известивме началникот на СВР Струмица дека членовите на Независниот синдикат на полицијата ќе бидат опфатени на едно место, во објект во СВР Струмица за да им биде презентирана програмата, статутот и другите документи на независниот синдикат. Но кога  требаше да се одржи синдикалниот состанок бевме исфрлени грубо и брутално од просториите на СВР Струмица, без да добиеме простор за синдикален состанок“, информираше Гоце Делчев Тодев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари