ПОМОШ ОД 100.000 ЕВРА ОД МАКЕДОНИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА, ОДОБРИ ВЛАДАТА

    ПОМОШ ОД 100.000 ЕВРА ОД МАКЕДОНИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА, ОДОБРИ ВЛАДАТАНад 3.000 жртви има досега во Турција и Сиријаод земјотресот. (Фото: АП)

    Владата ќе додели 6 милиони денари (околу 100.000 евра) помош од Македонија за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција. На денешната вонредна седница Владата одлучи во санирањето на последиците од земјотресот во Турција да се испратат 40 припадници на републичките сили за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување, со средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

    Исто така, ќе биде испратена помош од 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила, како и тим за заштита и спасување од Министерството за одбрана. Во санирањето на последиците од земјотресот, се испраќаат вкупно 24 припадници на Армијата, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини на Министерството за одбрана.

    Владата задолжи и повеќе министерства за вклучување во мерките за помош на настраданите во Турција.

    Над 3.000 жртви има досега во Турција и Сирија кои утрово беа погодени од земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала, а 12 часа подоцна имаше уште еден речиси исто толку јак потрес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира