ПОНИШТЕН ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА АВИОЛИНИИ, СИТЕ ПРИЈАВЕНИ КОМПАНИИ ИМАЛЕ НЕКОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

    ПОНИШТЕН ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА АВИОЛИНИИ, СИТЕ ПРИЈАВЕНИ КОМПАНИИ ИМАЛЕ НЕКОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈАНа повикот понуди доставија „Луфтханза“, „Виз ер“ и  „Ејџиан ерлајнс“. (Фото: СДК.МК)

    Поништен е тендерот за субвенционирање на нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол и Павле“ во Охрид. Од Министерството за транспорт и врски за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека повикот е поништен оти ниту една од пријавените авиокомпании не доставила целосна документација како што се барало.

    На повикот понуди доставија авиокомпаниите „Луфтханза“, „Виз ер“ и  „Ејџиан ерлајнс“.

    „До крајот на месецов ќе се распише нов повик. Владатa преку Министерството за транспорт и врски е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот. Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром ‘Св. Апостол Павле’ и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авиобилетитe“, велат од Министерството за транспорт и врски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира