ПОПЛАДНЕВО ПОЖАР И КАЈ СКОПСКО КУЧКОВО

    ПОПЛАДНЕВО ПОЖАР И КАЈ СКОПСКО КУЧКОВОСпоред информациите од Центарот за управување со кризи, пожар што тлее има меѓу селата Никиштане и Грачани во Општина Ѓорче Петров, во близина на Кучково. (аматерска фотографија од пожарот)

    Два пожари се гледаат во близина на Скопје. Едниот во шумата над Кучково, а другиот, како што кажуваат очевидци, меѓу Кондово и Свиларе. И двата се активни во моментов, a потврда од надлежните има за првиот.
    „Има густ чад од шумата над селото Кучково на една страна, а чади и од делот меѓу Кондово и Свиларе. Попладнево еднаш прелета еден канадер. Не истури ништо во делот меќу Кондово и Свиларе, а дојде од правецот на пожарот над Кучково. Личеше како да е само во извидница оти не се врати вторпат“, велат очевидци.

    Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожар што тлее има меѓу селата Никиштане и Грачани во Општина Ѓорче Петров, во близина на Кучково. Како што велат од ЦУК, пожарот е на непристапен терен и се шири кон реката Лепенец.
    „Пожарот е на непристапен терен и поради тоа две екипи со две возила од шумското стопанство Караџица се испратени за да направат обрач тој да не се шири понатаму. Сега нема услови за да се пуштат ер тракторите, бидејќи навечер и ноќе авионите не летаат. Според нашите информации пожарот не е активен, туку тлее и затоа се гледа чад”, велат од ЦУК.
    Во ЦУК засега нема информација колкава површина е опожарена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира