ПОРАДИ ИТНОСТ, СО ПРЕГОВАРАЊЕ ЌЕ СЕ НАБАВУВААТ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОВИД-19, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ПОРАДИ ИТНОСТ, СО ПРЕГОВАРАЊЕ ЌЕ СЕ НАБАВУВААТ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОВИД-19, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАМинистерството за здравство на почетокот на ноември, со донација од домашни компании доби 13.000 брзи тестови кои беа распределени во 13 болници низ земјава. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство ќе набави брзи тестови за ковид-19 без да биде објавен тендер, односно со постапка на преговарање, одлучи Владата на денешната седница. Како што соопштија од владината прес служба, набавката на брзите антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи, ќе се набават со преговарање поради итност.

    „Постапката ќе се спроведе со преговарање без објавување оглас согласно членот 55 став (1) точка 6) од Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“, се вели во владиното соопштение.

    Министерството за здравство на почетокот на ноември, со донација од домашни компании доби 13.000 брзи тестови кои беа распределени во 13 болници низ земјава. Со ребалансот на буџетот, Министерството за здравство доби 40 милиони денари за набавка на околу 100 илјади тестови.

    Заради обезбедување целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, на седницата беше донесен заклучок да се достави барање до Министерството за одбрана да дозволи дополнително распоредување на медицински лица од редовите на ова министерство за потребите на јавните здравствени установи во државата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира