Затворен е патот до граничниот Јажинце со Косово, поради голем пожар, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и работат на заштита на имотите од огнот. На пат кон интервенција се и авион ‘ер-трактор’ на Дирекцијата за заштита и хеликоптер на МВР. Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција“, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Околу 18.30 часот, ЦУК соопти дека пожарот е ставен под контрола.
Според последните информации од ЦУК, до 13 часот, регистрирани се 4 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, 1 е под контрола.
Од ЦУК во 17 часот соопштија дека граничниот премин Јажинце и патниот правец кон Косово се повторно отворени за сообраќај, како и дека пожарот во Јажинце е ставен под контрола.