ПОВЕДОВМЕ ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ ПРОТИВ ПЕТМИНА ОБВИНИТЕЛИ, А ЕДЕН СИ ДАДЕ ОСТАВКА ОТКАКО УТВРДИВМЕ НЕСТРУЧНО РАБОТЕЊЕ, КАЖА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЈОВЕСКИ

    ПОВЕДОВМЕ ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ ПРОТИВ ПЕТМИНА ОБВИНИТЕЛИ, А ЕДЕН СИ ДАДЕ ОСТАВКА ОТКАКО УТВРДИВМЕ НЕСТРУЧНО РАБОТЕЊЕ, КАЖА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЈОВЕСКИГодинава обвинителствата постапувале против околу 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. - Јавниот обвинител Љубомир Јовески (архивска фотографија)

    Јавниот обвинител Љубомир Јовески кажа дека годинава повеле дисциплински постапки против петмина јавни обвинители кои направиле повреди во работењето, а еден обвинител од Скопското обвинителство сам си поднел оставка откако било утврдено дека нестручно работел.

    На денешниот онлајн брифинг со новинарите, Јовески не откри за кои обвинители станува збор, но рече дека донеле Правилник за следење на квалитетот на работењето на јавните обвинители и нивното оценување и ќе се оценува работата на секој обвинител посебно, квантитативно и квалитативно.

    Јовески рече дека 2020 година, поради пандемијата на коронавирус, донела многу предизвици за обвинителите.

    „Нашата надлежност и предмет на работа бара постојан континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе. Надлежни сме за гонење на криминалот, а тој не запира, дури и кога има пандемија. Обврзани сме со рокови во преземањето на нашите дејствија, на целосно прибирање на материјални и вербални докази за да имаме издржани обвиненија“, рече Јовески и додаде дека и во услови на пандемија, со поинаква организација на работата, обвинителството обезбедило непреченото одвивање на истрагите и постапките по другите предмети, почитувајќи ги целосно здравствените протоколи.

    Тој кажа дека годинава обвинителствата постапувале против околу 25.000 полнолетни сторители на кривични дела, а само за време на вонредната состојба беа поведени и се завршени постапки против 3.500 лица за непостапување според здравствените прописи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира