ПОВРАТ НА ДДВ НЕ ДОБИЈА СИТЕ ШТО СКЕНИРАЛЕ СМЕТКИ, ОД УЈП ВЕЛАТ ИМА ДОЦНЕЊЕ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРИЛАГОДУВАЊА

    ПОВРАТ НА ДДВ НЕ ДОБИЈА СИТЕ ШТО СКЕНИРАЛЕ СМЕТКИ, ОД УЈП ВЕЛАТ ИМА ДОЦНЕЊЕ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРИЛАГОДУВАЊАОд Управата за јавни приходи велат дека во следните денови ќе се исплатат пари и кај они што не добиле поврат. (Фото: СДК.МК)

    Голем број граѓани уште немаат добиено повраток на ДДВ од скенираните сметки за првото тромесечје од 2021. За првото тромесечје исплатите треба да се извршат во текот на месец мај, како што беше изминатава година и пол откако е воведена мерката. Но, сега граѓани кои имаат уредно пријавени податоци и досега редовно добивале поврат на пари, немаат исплата.

    Од Управата за јавни приходи велат дека правеле технички пролагодувања за да имаат поголема контрола на исплатите и затоа дел од граѓаните немаат добиено пари. Во следните денови ќе се исплатат средствата кај преостанатите граѓани кај кои сѐ уште не е реализирана исплатата.

    „Сѐ уште нереализираната исплата кај овие граѓани се должи на несредените податоци, односно погрешна или згасната трансакциска сметка, како и поради технички прилагодувања кои беа правени со цел да обезбедат поголема контрола при исплатите. Исплата не се извршила и кај дел од граѓаните кои имаат точни податоци, бидејќи биле содржани во налог за исплата каде се наоѓале и граѓани со погрешни трансакциски сметки“, велат од Управата за јавни приходи.

    Проектот „Мој ДДВ“ Владата го воведе од први јули 2019, а преку скенирање фискални сметки се добива поврат на ДДВ најмногу до 600 денари месечно односно за едно тромесечје до 1.800 денари.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира