ПОВТОРНО Е НЕИЗВЕСНО ПОЛАГАЊЕТО НА ДРЖАВНА МАТУРА, СИНДИКАТОТ НА ДРЖАВНИОТ ИСПИТЕН ЦЕНТАР ГО РЕАКТИВИРАШЕ ШТРАЈКОТ

    ПОВТОРНО Е НЕИЗВЕСНО ПОЛАГАЊЕТО НА ДРЖАВНА МАТУРА, СИНДИКАТОТ НА ДРЖАВНИОТ ИСПИТЕН ЦЕНТАР ГО РЕАКТИВИРАШЕ ШТРАЈКОТСиндикатот бара покачување на платите на вработените во оваа институција, односно нивно изедначување со платите на наставник-ментор (Фото: СДК.МК)

    Повторно е загрозено полагањето на државна матура, поради реактивирањетто на штрајкот на Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ), кажа денеска Емилија Бошковска од Синдикатот. Синдикатот штрајкуваше изминатава пролет и беше доведено во прашање полагањето на државна матура за матурантите, но по некокунеделни препукувања со Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за финансии, го прекина штрајкот.

    Откако од денес е реактивиран штрајкот, нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници.

    „Ние тогаш го прекинавме штрајкот поради матурантите, за да не бидеме ние виновните затоа што сме ја оштетиле нивната иднина, и решивме како лица со општествена одговорност пред сѐ кон младите, да го продолжиме процесот без да добиеме задоволувања на нашите барања. Државниот испитен центар е активен преку целата година, и сакаме да укажеме дека матурата и од овој аспект, од овој момент, кога го почуваме штрајкот во овој период, матурата е загрозена. Тоа е процес кој се случува преку целата година, не непосредно пред тестирањето“, кажа Бошковска.

    Штрајкот продолжува поради тоа што Синдикатот не добил задоволителен одговор од Министерството за финансии за покачување на платите на вработените во оваа институција, односно нивно изедначување со платите на наставник-ментор. Бошковска кажа дека платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник-ментор. Станува збор околу 26 вработени лица.

    „Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети“, кажа Бошковска.

    Таа додаде дека последните седум месеци имаат директни и индиректни преговори со Министерството за финансии, со посредство на Министерство за образование.

    „Во овој период изготвивме неколку измени на колективниот договор и по два месеца чекавме одговори од Министерството за финансии. На последниот предлог уште немаме одговор и најпосле ни е јасно дека сето ова беше одолговлекување и решивме дека и покрај тоа што не сакаме, ќе мораме да преминеме во реактивирање на штрајкот кој што веќе беше активен во претходниот период“, додаде таа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира