ПОВТОРНО ГОРИ ПОДВОЗНИКОТ КОН ВЛАДАТА КАЈ СКЕНДЕРБЕГ

    ПОВТОРНО ГОРИ ПОДВОЗНИКОТ КОН ВЛАДАТА КАЈ СКЕНДЕРБЕГ

    Антивладините демонстранти запалија факели за време на движењето кај споменикот на Скендербег, низ подвозникот кај поранешната Стоковна куќа Мост, на пат од Собранието кон Владата. Истиот ефект тие го правеа и во саботата.

    Тие патем ја обоија и зградата на МНР, како еден од симболите на скапиот проект Скопје 2014 и оградата на мостот „Слобода“ за која беа потрошени над милион евра пари од буџетот.

    Шарен револт за скапиот проект Скопје 2014 и зградата на МНР (Фото: СДК.МК)

    Шарен револт за скапиот проект Скопје 2014 и зградата на МНР (Фото: СДК.МК)

    Единицата за боење вечерва го обои Собранието. Во исто време во паркот „Жена-борец“ демонстранти со маски на лицата напишаа „Шарам слобода барам“ на споменикот на бранителите, а други пак со молерски ваљак на асфалтот пред Собрание напишаа „Не можете да ја избришете шарената револуција“.

    Револуционерите и вечерва со пуштање бомби од опозицијата потсетија на изборните нерегуларности пред Собрание.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари