Во центарот на Скопје вечерва пак ќе има два протести. Пред Собранието се граѓаните жшто протестираат против аболицијата на Ѓорѓе Иванов. Тие бараат и одложување на изборите на 5 јуни. Пред малку пред Собранието се појави и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Во исто време кај зградата на Црвениот крст се собираат приврзаниците на власта кои и вечерва најавуваат протест пред седиштето на СДСМ.