ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКО СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ГРДОВЦИ, СИЛНИОТ ВЕТЕР ГО ОТЕЖНУВА ГАСЕЊЕТО

    ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКО СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ГРДОВЦИ, СИЛНИОТ ВЕТЕР ГО ОТЕЖНУВА ГАСЕЊЕТОАРХИВСКА ФОТОГРАФИЈА - СДК.МК

    Противпожарни екипи од Кочани и од Штип вечерва се борат со пожар кој од силниот ветер сериозно загрозува повеќе села во кочанската котлина, покрај реката Брегалница, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Штипската противпожарна единица.

    „Само што се вративме од кочанското село Чифлик каде што интервениравме по барање на колегите од Кочани. Тоа се стрништа по Кочанското Поле кое по жетвата на оризот масовно се палат, без одговорност дека огнот носен од силниот ветер може да дојде до населените места“, вели Тони Атанасов командир на штипската противпожарна единица.

    Жители од селото Облешево кои ги контактираше дописникот на САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека голем пламен се шири во близина на селото Грдовци пред Кочани. Тоа се стрништа со трски кои кога ќе се запалат и носени од ветрот достигнат висина и до 50 метри во радиус од стотина метри, велат земјоделските прозводители.

    Од Штипската полиција за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека огнените јазици се протегаат на неколку километри, од селото Уларци па до Оризари во Кочанско.

    „Не е познато како изби пожарот. Пожарната екипа е на терен, но проблем прави ветрот кој го засилува огнот. Во овој момент не можеме ништо повеќе да ви кажеме“, изјавија од Штипската полиција.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира