ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ПОЧНАТ ДА РАСПРАВААТ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ НА 18 АВГУСТ

    ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ПОЧНАТ ДА РАСПРАВААТ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ НА 18 АВГУСТИ за да се усвои потребата од уставни измени се потребни 80 пратеници. - Претседателот на Собранието Талат Џафери (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери закажа пленарна седница на 18 август за предлогот за уставни измени, кој вчера го утврди Владата, соопшти Собранието. Станува збор за предлогот за вметнување на Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Египќаните во Преамбулата на Уставот.

    Претходно, предлогот ќе оди на седница на Комисијата за уставни прашања, закажана за 25 јули. Како што соопштија од Собранието, се очекува работата на Комисијата за уставни прашања да заврши помеѓу 7 и 9 август, по што, предлогот ќе се разгледува на пленарна седница, на која дебатата трае до 10 работни денови.

    „Доколку, со двотретинско мнозинство, се усвои потребата за донесување на уставни измени, Собранието усвојува Заклучок и го праќа материјалот до Владата на Република Северна Македонија. Собранието, со Заклучокот утврдува рок во кој подносителот (Владата), изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот, кој го доставува до претседателот на Собранието, по што Собранието во истоветна процедура во смисла на рокови ќе расправа по нив“, велат од Собранието.

    Намерата на власта е уставните измени да се донесат до ноември, кога завршува скринингот на ЕУ и тогаш треба да се одржи втората Меѓувладина конференција.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира