ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ВТОРИОТ ОБИД ГИ ИЗГЛАСАА ПРЕПОРАКИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ВТОРИОТ ОБИД ГИ ИЗГЛАСАА ПРЕПОРАКИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛНародниот правобранител Иџет Мемети во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Собранието во вториот обид ги изгласа препораките на Народниот правобранител за подобрување на влошената состојба со човекови права и слободи, овојпат како дел од извештајот на Комисијата за политички систем.

    На тој начин, како што изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, се поправа грешката со неусвојувањето на извештајот направена на седницата во понеделникот, поради, како што рече тој, недоволна координација на пратеничките групи и на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

    Препораките на Народниот правобранител вчера беа на повторно разгледување во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, по што повторно беа ставени на дневен ред и усвоени на денешната седницата, но, овојпат како извештај на Комисијата. Ова, како што рече Тунтев, е направено во договор со четирите најголеми парламентарни партии.

    Во понеделникот, само 37 пратеници гласаа „за“ за усвојување на извештајот на Народниот правобранител Иџет Мемети, кој потоа ги обвини пратениците за дрско кршење на Законот за народен правобранител, според кој што Собранието треба да биде заштитник на народниот правобранител и да обезбеди гаранција дека Владата ќе работи на сите забелешки и предложени мерки од Обмудсманот, што е и стандард и барање поставени од Рајнхард Прибе.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари