ПРАВДАТА Е ОБЕЗБЕДЕНА, КАЖА ЗАЕВ ОТКАКО МИЈАЛКОВ СЕ ПОЈАВИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    ПРАВДАТА Е ОБЕЗБЕДЕНА, КАЖА ЗАЕВ ОТКАКО МИЈАЛКОВ СЕ ПОЈАВИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО„Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто“, вели Заев. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев се пофали на Фејсбук дека правдата е обезбедена откако попладнево обвинетиот Сашо Мијалков се појави во Обвинителството за организиран криминал да си го подигне решението за куќен притвор во пресрет на пресудата за „Тврдина-Таргет“ в петок.

    „После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор. Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто“, вели Заев.

    Мијалков исчезна во неделата вечер, кога полицијата требаше да му го врачи решението за куќен притвор поради опасност од бегство.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира