МИЈАЛКОВ СЕ ПОЈАВИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА СИ ГО ЗЕМЕ РЕШЕНИЕТО ЗА КУЌЕН ПРИТВОР

    МИЈАЛКОВ СЕ ПОЈАВИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА СИ ГО ЗЕМЕ РЕШЕНИЕТО ЗА КУЌЕН ПРИТВОРМијалков рече дека бил болен, а не избеган (Фото:СДК.МК)

    Сашо Мијалков, кој исчезна и го немаше никаде два дена, се појави пред Обвинителството за организиран криминал и корупција да си го подигне решението за куќен притвор.

    Дојде сам. Пред обвинителството го чекаше новинар на ТВ24.

    „Јас сум тука, не сум побегнат. Сакам да потсетам на мојот даден збор дека јас никогаш нема да бегам. Имав висока температура околу 40 степени и бев изолиран. Имав симптоми како за коронавирус. Ѝ се извинувам на целата јавност, им се извинувам на владата и на правосудните институции што предизвикав непријатности“, кажа Мијалков.

    Кусо потоа, Обвинителство соопшти дека на Мијалков му е врачено решение за куќен притвор и 24 часовен видео и аудионадзор.

    Пред околу еден час министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека уште траат проверките и разговор со членовите на неговото семејство и со граѓани во полиција околу неговото бегство. За него уште е распишана потерница. Спасовски кажа и дека верува оти Мијалков не ја напуштил државата.

    Никој од семејството не кажал дека е тука и е болен со висока температура.

    На неговиот фејсбук профил на 14 октомври лани, Мијалков имаше објавено дека добил позитивен резултат на тестот за коронавирус. (Фото: Принтскин од официјалниот фејсбук профил на Сашо Мијалков)

    На неговиот официјален фејсбук профил на 14 октомври лани, Мијалков имаше објавено дека добил позитивен резултат на тестот за коронавирус. Поради тоа, тој ден беше одлоожено и рочиштето за „Тврдина-Таргет“. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски кажа дека имал симптоми на ковид-19, и дека позитивна на коронавирус била сопругата на Мијалков, балерината Александра.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира