ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА РАДИОДИФУЗНАТА ТАКСА НЕ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕТО

    ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА РАДИОДИФУЗНАТА ТАКСА НЕ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕТОПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кажа дека нивниот предлог е можност за власта да ги исполни предизборното ветување. (Фото: СДК.МК)

    Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски и уште неколкумина пратеници од ВМРО ДПМНЕ до Собранието поднесоа предлог закон за измена на Законот за аудио визуелни услуги, со кој што бараат итно укинување на радиодифузната такса.

    „Ова е лицемерие, што не ја укинавте до пред еден месец, дури бевте 10 години на власт”, му дофрлуваа пратениците од владејачкиот СДСМ на Милошоски од место.
    „Ова ви е итно, приоритетно предизборно ветување. Еве можност да ги исполните тие ветувања што не ги исполнивте, веднаш, по скратена постапка”, рече Милошоски.
    Со 62 пратеника против, предлогот за итно укинување на РДТ беше отфрлен.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира