ПРЕДЛОЖЕНИОТ БУЏЕТ ЗА 2024 ГОДИНА Е 5,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА СО ДЕФИЦИТ ОД 545 МИЛИОНИ ЕВРА, ПРЕДВИДЕНИ СЕ ПАРИ ЗА ПОКАЧЕНИ ПЛАТИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

    ПРЕДЛОЖЕНИОТ БУЏЕТ ЗА 2024 ГОДИНА Е 5,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА СО ДЕФИЦИТ ОД 545 МИЛИОНИ ЕВРА, ПРЕДВИДЕНИ СЕ ПАРИ ЗА ПОКАЧЕНИ ПЛАТИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОРВо предложениот буџет, вели Ковачевски, има пари за покачување на платите во јавниот сектор, за редовното усогласување на пензиите и за повеќе финансиски средства за општините. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Расходите во предложениот буџет за 2024 година се проектирани на 5,5 милијарди евра, што е за 5,8 отсто повеќе од 2023 година, кажа премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. Приходите се проектирани на 5,04 милијарди евра, што е за 10 отсто повеќе од 2023 година, а дефицитот е предвидено да биде 545 милиони евра или 3,4 отсто од БДП, додаде премиерот.

    Образложувајќи го предложениот буџет, Ковачевски рече дека се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и на социјалната помош, како и сервисираше на обврските на државата кон кредиторите.

    Во предложениот буџет, вели Ковачевски, има пари за покачување на платите во јавниот сектор, за редовното усогласување на пензиите и за повеќе финансиски средства за општините.

    Ризици за реализација на буџетот се војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и затегнатите финансиски услови на глобално ниво.
    Проекциите се следната година да има раст на БДП од 3,4 отсто, а стапката на инфлација да биде 3,6 отсто.

    Владата го усвои предложениот буџет и следен чекор е негово усвојување во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира