ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ИМЕТО СЕ НА НИМИЦ, НЕ НАШИ – ВЛАДАТА ВЕЛИ ДЕКА „РОЈТЕРС“ ПОГРЕШНО ГО ИНТЕРПРЕТИРАЛ ЗАЕВ

    ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ИМЕТО СЕ НА НИМИЦ, НЕ НАШИ – ВЛАДАТА ВЕЛИ ДЕКА „РОЈТЕРС“ ПОГРЕШНО ГО ИНТЕРПРЕТИРАЛ ЗАЕВОд средбата на Зоран Заев и Метју Нимиц во Скопје на 13 јули минатата година (Фото: СДК.МК)

    Кабинетот на премиерот Зоран Заев соопшти дека новинската агенција „Ројтерс“ погрешно ја интерпретирала изјавата на Заев во денешното интервју во делот „Македонија предложила четири опции за решавање на децениското недоразбирање со Грција за името“. Од Кабинетот на Заев велат дека тоа се предлози на медијаторот Метју Нимиц.

    „Укажуваме и на погрешната интерпретација во воведот на веста на агенцијата за интервјуто со премиерот Заев во која се наведува дека ’Македонија предложила четири опции за решавање на децениското недоразбирање со Грција за името. Јавноста во Македонија, и во светот, знае дека тоа се предлози на медијаторот Метју Нимиц, кој во име на Обединетите Нации, посредува во разговорите меѓу Република Македонија и Република Грција“, се вели во соопштението.

    Во интервјуто, Заев ги кажа предлозите: Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје).

    „Тие предлози постојат, како што изјавил премиерот Заев, но тие не се предложени од страна на Република Македонија“, додаваат од премиерскиот кабинет.

    Во соопштението се вели и дека Заев во интервјуто не кажал дека „Република Македонија е подготвена да направи мали промени со името во уставот“, туку кажал дека „Република Македонија е подготвена да направи промена во врска со името, но не може да се оди предалеку, бидејќи тоа е многу тешко прашање“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира