ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА НОВИ МИНИСТРИ УТРЕ ЌЕ БИДАТ ДОСТАВЕНИ ДО СОБРАНИЕТО, КАЖА ЗАЕВ

    ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА НОВИ МИНИСТРИ УТРЕ ЌЕ БИДАТ ДОСТАВЕНИ ДО СОБРАНИЕТО, КАЖА ЗАЕВПремиерот Зоран Заев излегува од Основниот суд Скопје 1 по изрекување на ослободителната пресуда во случајот „Поткуп“. (Фото: СДК.МК)

    Договорот за владината реконструкција е готов и утре тој ќе биде доставен до Собранието. Ова денеска го кажа премиерот Зоран Заев по изрекувањето на ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“, не одговорајќи кои се новитетите во неговиот кабинет, рокадите и слично.

    „Реконструкцијата ќе ја предложам до парламентот утре затоа што поради пресудата не знаев дали ќе имам цела влада или ќе треба да правам реконструкција. Биографиите на новите министри ќе бидат собрани до утре изутрина и ќе бидат навреме поднесени до парламентот, кој се надевам дека до крајот на месецот ќе ја изгласа реконструкцијата на владата“, изјави Заев.

    По претходното рочиште за „Поткуп“ минатата недела, Заев потврди дека е постигнат договор со ДПА, крилото на Беса на Африм Гаши, како и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира