ПРЕКИНАТО СУДЕЊЕТО ЗА СЕЛА, МУ СЕ СЛОШИ НА ОБВИНЕТ

    ПРЕКИНАТО СУДЕЊЕТО ЗА СЕЛА, МУ СЕ СЛОШИ НА ОБВИНЕТДел од обвинетите за обидот за убиство на Зијадин Села на претходно рочиште во Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година во Собранието беше прекинато откако му се слоши на еден од обвинетите. Додека сведочеше новинарот Горан Трпеноски, обвинетиот Никола Војминовски изгуби свест, по што беше повикана Брза помош и беше дадена пауза.

    Пред Трпеноски, денеска сведочеше поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојковски, кој кажа дека обвинетиот Александар Јаневски – Тошта помогнал да се изнесе повредениот Села од Собранието. За истиот обвинет, Трпеноски рече дека го видел како стои во живиот ѕид пред пратениците и ги брани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира