ПРЕМИЕРИТЕ КОВАЧЕВСКИ И ДОНЕВ СЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ДА ОРГАНИЗИРААТ МИРНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 151-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    ПРЕМИЕРИТЕ КОВАЧЕВСКИ И ДОНЕВ СЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ДА ОРГАНИЗИРААТ МИРНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 151-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВОд бугарската влада велат дека Донев пак го потсетил Ковачевски на очекувањата Македонија да ги преземе неопходните активности „за ставање крај на говорот и актите на омраза, како и за почитување на правата на македонските Бугари“. (Фото: Бугарска влада)

    Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев денеска разговарале телефонски потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари да се одвиваат мирно и непречено, соопшти бугарската влада.

    За тоа да се обезбеди, двајцата премиери се договориле в понеделник во Скопје да дојдат бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и претседателот на тамошната Агенција за национална безбедност Пламен Тончев на работна средба со македонските колеги. Од бугарската влада велат дека на средбата ќе бидат прецизирани заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.

    „Донев и Ковачевски разговараа и за придобивките од подлабоката соработка меѓу двете земји во областа на безбедноста, особено во случаите на криминални дејствија или закани врз граѓани на Република Северна Македонија со бугарска самосвест“, се вели во соопштението на бугарската влада.

    Оттаму додаваат дека Донев пак го потсетил Ковачевски на очекувањата Македонија да ги преземе неопходните активности „за ставање крај на говорот и актите на омраза, како и за почитување на правата на македонските Бугари“.

    Во меѓувреме, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков кажа дека амбасадорот Ангел Ангелов, кој е повикан на консултации во Софија, може да се врати во Скопје ако почне дијалог на високо ниво.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира