СПАСОВСКИ И ФИЛИПЧЕ СЕ НЕГАТИВНИ НА ТЕСТОТ ЗА КОРОНАВИРУС

    СПАСОВСКИ И ФИЛИПЧЕ СЕ НЕГАТИВНИ НА ТЕСТОТ ЗА КОРОНАВИРУСИ покрај негативниот тест, премиерот Спасовски, согласно препораките на епидемиолозите, и понатаму останува во изолација во домашни услови. - Спасовски и Филипче на прес-конференција (архивска фотографија)

    Премиерот Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус, соопшти Владата вечерва. Негативен на тестот е и министерот за здравство Венко Филипче, кој се огласи на Фејсбук.

    И покрај негативните тестови, Спасовски и Филипче, согласно препораките на епидемиолозите, и понатаму остануваат во изолација во домашни услови.

    „И во наредните денови во домашна изолација, премиерот Спасовски од дома преку дигитални алатки ќе ги извршува сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба. Премиерот Спасовски апелира да се почитуваат мерките за физичка дистанца, за носење заштитни маски и да се избегнуваат групирања“, велат од Владата.

    Спасовски и Филипче се во самоизолација, откако на 15 април беа во Куманово и присуствуваше на седница на општинскиот кризен штаб заедно со градоначалникот Максим Димитриевски, кој утредента беше позитивен на тестот за коронавирус, заедно со уште петмина членови на штабот.

    Димитриевски претходно вечерва на Фејсбук напиша дека бил негативен на тестовите што дополнително ги направил во, како што тврди тој, релевантни лаборатории.

    Негативни на тестовите се и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбр Адеми, кои, исто така, беа во Куманово на 15 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира