ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ АНЕВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ АНЕВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАПетар Аневски беше единствениот од членовите на Советот на јавни обвинители што не даде позитивно мислење за предлогот на Владата за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, си поднесе оставка од функцијата, објави „Алсат М“ пред денешната седница на Советот на која што треба да се избере в.д. Јавен обвинител на местото на разрешениот Марко Зврлевски.

    Засега не се познати причините за ваквата одлука на Аневски, ниту е познато дали си дал оставка само како претседател или како член. Нов претседател на Советот може да се избере денеска од од редот на членовите на Советот, ако има кворум на седницата, а во тој случај може да се избере и в.д. Јавен обвинител. Според годишниот распоред во Јавното обвинителство, обвинителката Лилјана Спасовска засега го заменува Зврлевски.

    При гласањето по предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски, досегашниот претседател Петар Аневски беше единствениот глас против, наспротив останатите осум членови кои дадоа позитивно мислење. Претходно, тој кажа дека Зврлевски е перфектен во извршувањето на неговата функција и дека нема забелешки на неговото работење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира