ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕМАШЕ НАМЕРА ДА ГО КОРИСТИ ВЛАДИНИОТ АВИОН, НИТУ ЗНАЕШЕ ДЕКА Е НА СЕРВИС, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ЛЕТОТ СО РЕДОВНА ЛИНИЈА

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НЕМАШЕ НАМЕРА ДА ГО КОРИСТИ ВЛАДИНИОТ АВИОН, НИТУ ЗНАЕШЕ ДЕКА Е НА СЕРВИС, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА ПЕНДАРОВСКИ ЗА ЛЕТОТ СО РЕДОВНА ЛИНИЈАПендаровски и неговиот кабинет на 11 јуни со редовна авионска линија заминаа на средби во Брисел, при што беа објавени фотографии дека претседателот патува во економска класа. (Фото: Фејсбук)

    Претседателот Стево Пендаровски немаше намера да го користи владиниот авион за посетата на Брисел и не знаеше дека е на сервис, велат од кабинетот на претседателот откако денеска САКАМДАКАЖАМ.МК објави текст дека владиниот „лирџет“ е на редовен сервис во Германија, па затоа Заев и Пендаровски летаат со редовни авионски линии.

    „Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски при подготовката на посетата на Брисел немаше побарано информација за владиниот авион, ниту пак воопшто имаше намера да го користи владиниот авион. Изборот на начинот на патувањето на претседателот и на членовите на кабинетот во Брисел не зависеше од тоа каде се наоѓа и во каква состојба е владиниот авион. Билетите за комерцијалниот лет во економска класа беа резервирани веднаш штом беа договорени средбите и посетата на Брисел“, велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

    Пендаровски и неговиот кабинет на 11 јуни со редовна авионска линија заминаа на средби во Брисел, при што беа објавени фотографии дека претседателот патува во економска класа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира