ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ НЕМА ДА ГО КОМЕНТИРА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЗА ИЗЈАВАТА ДЕКА НЕ БИЛ ВНИМАТЕЛЕН СО БУГАРИТЕ

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ НЕМА ДА ГО КОМЕНТИРА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЗА ИЗЈАВАТА ДЕКА НЕ БИЛ ВНИМАТЕЛЕН СО БУГАРИТЕСтево Пендаровски и Зоран Заев на доделувањето на мандатот за премиер на 13 август годинава. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Стево Пендаровски во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека нема да ја коментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека „Пендаровски не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев“, дадена во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“, ниту пак ставовите изразени во интервјуто.

    Пендаровски на 20 ноември кажа дека „актуелната бугарската политика, власт или опозиција сосема сеедно, нема излезено од матрицата на Живковизмот“, а денеска Заев беше прашан од бугарскиот новинар дали се оградува од оваа изјава на македонскиот претседател.

    „Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Нормално, затоа што работел со нашите претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет, е комплетно желбата и сонот за големо пријателство, кое го имаме, но треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, му одговори Заев на бугарскиот новинар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира