ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ СО УКАЗ ГО НАЗНАЧИ ФРЧКОСКИ ЗА АМБАСАДОР ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ СО УКАЗ ГО НАЗНАЧИ ФРЧКОСКИ ЗА АМБАСАДОР ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИЗаминувањето на Фрчковски во Њујорк со месеци беше блокирано во собраниската Комисија за надворешни работи. (архивска фотографија)

    Претседателот Стево Пендаровски денеска со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор во Обединетите нации во Њујорк, потврдија од неговиот кабинет.

    Заминувањето на Фрчковски во Њујорк со месеци е блокирано во собраниската комисија за надворешни работи од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од кабинетот на Пендаровски велат дека уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побара од надлежната комисија во Собранието да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса.

    „Пред еден месец Министерството за надворешни работи упати втора замолница до истата комисија, но претседателот на комисијата повторно одби да закаже седница, по што претседателот Пендаровски го потпиша указот, затоа што сите законски услови беа исполнети. Имено, постапката за именување амбасадор завршува со одбраната на тезите на кандидатот пред колегиумот на Министерството за надворешни работи, а тоа Фрчкоски го има направено уште минатата година“, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

    За Пендаровски индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите Нации таква седница воопшто не беше закажана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира