ПРИБЛИЖУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ И НАТО ЌЕ ЗАВИСИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ И ОД РЕФОРМИТЕ, РЕЧЕ ХОЛАНДСКИОТ МИНИСТЕР БЛОК ВО СКОПЈЕ

    ПРИБЛИЖУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ И НАТО ЌЕ ЗАВИСИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ И ОД РЕФОРМИТЕ, РЕЧЕ ХОЛАНДСКИОТ МИНИСТЕР БЛОК ВО СКОПЈЕМинистерот за надворешни работи Никола Димитров и холандскиот колега Стев Блок на средбата во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Холандскиот министер за надворешни работи  Стеф Блок го поздрави постигнатиот напредок на Македонија  во спроведувањата на реформите за приближување  кон ЕУ и НАТО.

    „Резултатот од  претстојниот референдум и постигнувањето видливи резултати во  реформите се исклучително важни за приближување на Република Македонија кон Европската Унија и за членство во НАТО.  Склучувањето на Договорот во Преспа е од големо значење за државата“, рече Блок на прес-конференцијата со  македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

    Димитров  се заблагодари за постојаната помош и поддршка од Холандија за реформа на јавната администрација и хармонизирање на македонското со европското законодавство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира