ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА 76-ГОДИШНИОТ ВОЗАЧ НА КАМИОНОТ ЗА СООБРАЌАЈКАТА СО 4 ЗАГИНАТИ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

    ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА 76-ГОДИШНИОТ ВОЗАЧ НА КАМИОНОТ ЗА СООБРАЌАЈКАТА СО 4 ЗАГИНАТИ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦАОбвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и да го повтори делото. 76-годишниот возач од Косово е осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. (Фото: К. Попов)

    Возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје, во која загинаа 4 лица, доби 30-дневен притвор, откако Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот.

    Во несреќата на 21 мај загина 51-годишниот баритон и првенец на Националната опера и балет (НОБ) Ристе Велков, неговиот 20-годишен син и уште две момчиња на 20 години.

    „Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело“ соошти денеска Кривичниот суд.

    Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и да го повтори делото. Седумдесет и шестгодишниот возач од Косово е осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик (КЗ).

    Во информацијата од Обвинителството се наведува дека возачот не ја прилагодил брзината спрема условите на патот и изгубил контрола над возилото по што ја скршил металната ограда и преминал на другата страна од автопатот по што директно се судрил со патничкото возило „бмв“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира