ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ КОИ НА ЌАФАСАН ЗЕЛЕ 70 ЕВРА ПОТКУП ЗА ДА ПРОПУШТАТ ЦРНОГОРСКИ АВТОБУС БЕЗ ЗЕЛЕН КАРТОН

    ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ КОИ НА ЌАФАСАН ЗЕЛЕ 70 ЕВРА ПОТКУП ЗА ДА ПРОПУШТАТ ЦРНОГОРСКИ АВТОБУС БЕЗ ЗЕЛЕН КАРТОННа полицајците им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.(Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициските службеници А.В. и Н. С., вработени во полициската станица за граничниот премин Ќафасан оти зеле поткуп 70 евра од возач на автобус од Црна Гора. Како што велат од МВР, постојат основи на сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1, додека второпријавениот сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-В став 1 и двете од Кривичниот законик.

    Во координација со надлежен јавен обвинител, полициските службеници се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

    Првопријавениот на 13.05.2023 на граничниот премин Ќафасан од возач кој управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 евра, додека второпријавениот, го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез во земјава“, велат од МВР.

    Како што велат од МВР, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, ќе покрене постапка и за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира