Притвор во траење од 30 дена доби 26-годишен велешанец кој во полициска станица се обидел да убие сведок на негово насилство.
„На 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која била повикана како сведок за претходен настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека. Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната. Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот“, соопшти Основното јавно обвинителство Велес.
Јавен обвинител од донесе Наредба за спроведување истражна постапка против велешанецот кој е осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.