ПРИТВОР ЗА МУКОСКИ, ВАСИЛЕВСКИ И АРНАУДОВ, А КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ТАРЧУЛОВСКИ, ДИМОВСКИ И ПЕШЕВСКА

    ПРИТВОР ЗА МУКОСКИ, ВАСИЛЕВСКИ И АРНАУДОВ, А КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ТАРЧУЛОВСКИ, ДИМОВСКИ И ПЕШЕВСКАМукоски, Тарчуловски, Пешевска, Василески, Арнаудов и Димовски се дел од групата 36-мина осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април. - Пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски и Сашо Василески утринава дојдоа на распит во Основниот суд Скопје 1 (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василески и Љубен Арнаудов, осомничени за организираниот напад на Собранието на 27 април, добија притвор во траење од 30 дена, а останатите тројца осомничени пратеници Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија добија куќен притвор, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    „Постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска беа повикани шест лица опфатени со предлогот на обвинителството, а по нивно произнесување во однос на предлогот, судијата на претходна постапка донесе решенија со кои за К.М., Љ.А. и С.В. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП. За Ј.Т. и Ж.П. судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка куќен притвор. За Љ.Д. судија на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството за определување мерка притвор и му определи мерка куќен притвор“, соопшти Кривичниот суд.

    Мукоски, Тарчуловски, Пешевска, Василески, Арнаудов и Димовски се дел од групата 36-мина осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април. Минималната казна за ова кривично дело е 10 години.

    На 1 декември, Собранието со мнозинство гласови „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски (66 гласа „за“), Крсто Мукоски (67), Љубен Арнаудов (66), Сашо Василевски (67), Жаклина Пешевска (66) и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски (67) на денешната седница. Барањето беше поднесено од надлежниот орган – Основен суд Скопје 1, Одделение за организиран криминал и корупција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира