ПРИТВОРЕНИОТ САШО МИЈАЛКОВ ДЕНЕСКА ИМА СУДЕЊЕ ЗА „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“, ЗА МАСОВНОТО НЕЛЕГАЛНО ПРИСЛУШУВАЊЕ НА ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ

    ПРИТВОРЕНИОТ САШО МИЈАЛКОВ ДЕНЕСКА ИМА СУДЕЊЕ ЗА „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“, ЗА МАСОВНОТО НЕЛЕГАЛНО ПРИСЛУШУВАЊЕ НА ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИНеизвесно е дали судењето за прислушувањето денеска ќе се одржи - Мијалков во придружба на адвокатите на едно од претходните рочишта. - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сашо Мијалков кој синоќа беше притворен и спроведен во затворот Шутка, денеска има судско рочиште во предметот „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегално прислушување во 10 часот, но неизвесно е неговото доаѓање и одржување на рочиштето. Судењето во Основниот суд Скопје го води судијката за организиран криминал и корупција Џенета Бегтовиќ.

    За споредба, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои беа притворени на 13. ноември вечерта,  утредента на судењето на „Титаник“ за тешки изборни нерегуларности, што ги вршеле 21.то обвинето лице неколку изборни циклуси, не беа спроведени. Судењето се одложи.

    “Судот за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски доцна синоќа донесе решение со кое ги уважи нашите предлози место досегашните мерки одземање патни исправи и јавување во судот, да им определи мерки притвор. Вчера добивме информации дека не само што Груевски се даде во бегство, туку за бегство се спремаа на ист начин како и обвинетиот Никола Груевски и обвинетите Јанакиески и Божиновски”, рече тогаш обвинителката Лиле Стефанова.

    Се очекува на денешното рочиште, и да не биде донесен обвинетиот Мијалков, обвинителите од СЈО Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Ленче Ристоска, да ги образложат причините за побараната мерка притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира