ПРИВЕДЕН 56-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ ЗА ПИСМАТА СО ЗАКАНИ ДО ОБВИНИТЕЛИТЕ ЈОВЕСКИ И РУСКОВСКА И ДО АМБАСАДА

    ПРИВЕДЕН 56-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ ЗА ПИСМАТА СО ЗАКАНИ ДО ОБВИНИТЕЛИТЕ ЈОВЕСКИ И РУСКОВСКА И ДО АМБАСАДАДел од писмата испратени до Јавниот обвинител Љубомир Јовески. (Фото: Јавно обвинителство)

    56-годишниот С.З. од Битола е приведен за испраќање на заканувачките писма до Јавниот обвинител Љубомир Јовески, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, како и до една амбасада, соопшти МВР. Нему му е поднесена кривична пријава за кривичното дело Загрозување на сигурноста.

    Тој првин, на 11 декември 2021, пратил писмо со заканувачка содржина до една амбасада во Скопје, а потоа, на 20 и 22 декември, пратил заканувачки писма до Русковска. На 17 јануари испратил писмо со закани и до Јовески. Сите писма ги испратил од поштата во Прилеп.

    „Веднаш по добиените пријави, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност преземаа мерки и активности за расчистување на случајот. Врз основа на издадени Наредби за претрес во дом и други простории од ОС Битола, на 21.01.2022 извршени се претреси на две локации на подрачјето на Битола, и тоа во домот на С.З. и во домот на неговата мајка Љ.З.. При извршените претреси се пронајдени и одземени мобилен телефон, лаптоп компјутер и предмети поврзани со кривичното дело“, се вели во соопштението на МВР.

    Од полицијата велат дека тој е лишен од слобода и во полициската станица во Битола е извршен разговор со него, а по извршено графолошко вештачење од страна на крим-техника е утврдено совпаѓање на неговиот ракопис со ракописот во напишаните заканувачки писма.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира