Министерството за внатрешно работи кажа дека едно лице е приведено за милионскиот грабеж во НЛБ Банка во Скопје.
Случајот во МВР вчера попладне го пријавил директорот на трезорот на банката, кој кажал дека нивниот вработен Б.С. (40) извршил тешка кражба од трезорот на банката.
Според пријавата, тој украл швајцарски франци и евра, сè во вкупна вредност од околу три милиони евра, по што заминал.
Од МВР велат дека вчеравечер во 19 часот во полициската станица во Кисела Вода е приведено едно лице во врска со грабежот и се работи на целосно документирање и расчистување на случајот.