ПРИВЕДЕН И ТРЕТИОТ НАПАЃАЧ НА 17-ГОДИШНИОТ ЗЛАТКО, КОЈ БЕШЕ ИЗБОДЕН НА „РЕКОРД“

    ПРИВЕДЕН И ТРЕТИОТ НАПАЃАЧ НА 17-ГОДИШНИОТ ЗЛАТКО, КОЈ БЕШЕ ИЗБОДЕН НА „РЕКОРД“Приведениот Б.Н. (15) од Скопје е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. (Фото:СДК.МК)

    Приведен е и третиот напаѓач на 17-годишниот Златко, кој на 1 март беше нападнат на автобуската постојка „Рекорд“ во Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

    „Денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје го приведоа Б.Н. (15) од Скопје во врска со нападот на 17-годишниот З.Т. на автобуската постојка „Рекорд“. Тој, заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од село Љубин, скопско, физички го нападнале З.Т. и му нанеле убодна рана со тврд предмет во пределот на стомакот. Б.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од МВР.

    Во неделата беа преведени двајца напаѓачи на 17-годишниот Златко член на навивачката група „Комити“. Како што кажаа тогаш од МВР приведените во целост го признале делото и против нив ќе се поднесат кривични пријави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира