ПРОБАВМЕ ДА НАБАВИМЕ ВАКЦИНИ ОД КИНА И ПРЕКУ „СИНОХИДРО“, КОЈА ГРАДИ АВТОПАТИ КАЈ НАС, КАЖА ЗАЕВ

    ПРОБАВМЕ ДА НАБАВИМЕ ВАКЦИНИ ОД КИНА И ПРЕКУ „СИНОХИДРО“, КОЈА ГРАДИ АВТОПАТИ КАЈ НАС, КАЖА ЗАЕВАвансот за кинеските вакцини ни е вратен, затоа што кинеското Министерство за надворешни работи не ги прифатило нарачките направени преку приватни компании, вели Заев. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Зоран Заев потврди дека Владата се обидувала да набави вакцини против ковид-19 и преку приватни фирми, но смета дека нема незаконски дејствија или лоши намери, туку само се користат сите можни канали за набавување на вакцини. За вратениот аванс од Кина, тој кажа дека кинеското Министерство за надворешни работи не ги прифатило нарачките направени преку приватни компании, додавајќи дека имале помош од „ПауерЧајна“, мајка-фирма на „Синохидро“, која што гради автопати во Македонија.

    „Јас кажав, ни помогна во целата нарачка ’ПауерЧајна‘, која што е мајка компанија на ’Синохидро‘ која што ги гради патиштата во Северна Македонија и друга кинеска фирма во моментов и не работи на инфраструктурата. Се обративме преку таа фирма, ’ПауерЧајна‘ е еден од кандидатите, еден од деветте кандидати што поминаа за Чебрен, џиновска компанија која е во државна сопственост на Кина и, покрај кинеската амбасада, вртењето телефони, се обидувавме и преку тоа што го имаме кинеско овде, а тоа е компанијата која работи овде“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање, за време на посетата на објект во изградба во Скопје.

    Заев кажа и дека на крајот се одлучило да се оди преку кинеската амбасада, односно преку кинеското МНР за да се реализира нарачката од 200.000 вакцини од „Синофарм“.

    „Нарачките што сме ги правеле, во конкретниот случај кон Кина, се со потврда и писма на ‘Синофарм’ и нормално со сите документации, регулирани како што се. Донесени се сите неопходни одлуки, но на крајот се одлучи дека треба да одиме преку кинеската амбасада, да одиме преку МНР на Кина за да може да се реализира нарачката од 200.000 вакцини. Во првиот случај имавме и потврда на Министерството за здравство на Кина, но сепак ги почитуваме дипломатските ставови на пријателска Кина и затоа нарачката е преку Амбасадата и МНР на Кина“, вели Заев.

    Премиерот вели дека како и во секоја земја, се прават напори да се набават вакцини и преку десетина приватни компани од Австрија, Велика Британија и од Америка, покрај официјалните контакти преку амбасадите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира