ПРОЕКТИ НА УЧЕНИЦИ ОД 34 УЧИЛИШТА ДОБИЈА ГРАНТОВИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ

    ПРОЕКТИ НА УЧЕНИЦИ ОД 34 УЧИЛИШТА ДОБИЈА ГРАНТОВИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИДосега 54 основни и средни училишта добија грантови од Фондот за иновации, од кои 20 лани, а 34 годинава (ФОТО.Влада)

    Фондот за иновации и технолошки развој денес во Владата потпиша договори за грантови со млади истражувачи од 34 основни и средни училишта во вториот повик „Предизвик за млади истражувачи“. На потпишувањето на договорите беа презентирани видеа од петте најдоброрангираните проекти, односно проектите на учениците од средните училишта „Ванчо Прке“ од Виница, „Орце Николов“ од Скопје и „Фаик Коница“ од Гостивар, и од основните училишта „Крсте Мисирков“ од Куманово и „Даме Груев“ од Битола.

    Учениците од средното училиште „Ванчо Прке“ се наградени за проектот „Добивање стипса од отпадни лименки“, кои велат дека со овој иновативен проект прават рециклирање на отпадот и се добива материјал, кој потоа може да се користи.

    Учениците од СГУС„Орце Николов се награден за проектот „Еколошко разградување на стиропор“ и како што велат преку ова истражување е еколошки разградување на овој материјал со помош на брашнарските црви.

    Учениците од средното училиште „Фаик Коница“ се награден за проектот „Физичките и хемиските својства на водата во езерото Маврово, тимот од ООУ„Крсте Мисирков“ за проектот „Физичко хемиските својства на водата во езерото Маврово“, кои велат дека здравата вода е основа на животот, и за луѓето и за природата, која пак е загадена преку разни загадувачи и на овој начин сакаат да ја подигнат и свеста од потребата таа да се чува чиста и здрава.

    Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ со проектот „Испринтај ја својата фантазија“ се наградени за иновативниот проект за 3Д прототипи за изработка на протези за миленичиња и поилки за птици. Тие велат дека со овој проект влијаат на будење на свеста во општеството и пошироко за можноста ваква иновативна технологија да се користи и во наставата.

    Учениците од ООУ „Даме Груев“ пак со проектот се наградени за иновативниот проект „Паметни венецијанери“, и велат дека тој се состои во тоа што од надворешната страна се ставаат соларни ќелии, а од внатрешната страна се монтираат лед диоди. Според нив со тоа се штеди енергија и за влијае на заштита на животната средина.

    За иновативни проекти од овој конкурс училиштата ќе добијат грантови од шест милиони денари, а директорот на ФИТР Јован Деспотовски рече дека досега вкупно поддржале иновативни проекти во 54 училишта, од кои лани во 20 училишта, а годинава во 34 училишта.

    Премиерот Зоран Заев рече дека ваквите проекти кои се поттик за младите ќе продолжат и следната година.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира