ПРОЕКТОТ „МОЈ ДДВ“ ПРОДОЛЖУВА, МОЖНО Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ОПЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ДОНИРААТ ПАРИТЕ АКО САКААТ, КАЖА МИНИСТЕРКАТА АНГЕЛОВСКА

    ПРОЕКТОТ „МОЈ ДДВ“ ПРОДОЛЖУВА, МОЖНО Е ДА ИМ СЕ ДАДЕ ОПЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ДОНИРААТ ПАРИТЕ АКО САКААТ, КАЖА МИНИСТЕРКАТА АНГЕЛОВСКАСите граѓани кои скенирале фискални ќе си ги добијат назад средствата, кажа министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција. (Фото: Влада)

    Министерката за финансии Нина Ангеловска кажа дека граѓаните ќе си ги добијат парите од фискалните сметки што ги скенирале во рамки на проектот „Мој ДДВ“, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за ликвидноста на буџетот. Таа кажа дека досега добиле многу предлози да се откажат од проектот, но, како што кажа, секако станува збор за пари на граѓаните.

    „Проектот ’Мој ДДВ‘ е дел од проектот ’Пари назад кај граѓаните‘ и воопшто досега не сме разговараме дали ќе се одложи исплаќањето на средствата за ова тромесечје. Напротив, сите граѓани кои скенирале ќе си ги добијат назад средствата. Дали ќе се одложи или прекине проектот ’Мој ДДВ‘? До нас пристигнаа голем број предлози од граѓани во кои се вели да се откажеме од овој дел, да покажеме солидарност. Но, тоа се како што кажува и самиот проект пари на граѓаните‘, изјави Ангеловска.

    Министерката додаде дека во моментов не се разговара за целосно стопирање или укинување на проектот, туку ако стигнат повеќе предлози и доколку граѓаните сметаат дека треба овие средства да се пренасочат во други мерки или во солидарниот фонд кој ќе биде отворен, секако за тоа може да разговара.

    „Дополнително, имаше одредени предлози за кои сметам дека се поадекватни, за да може секој граѓанин да ја прикаже својата солидарност, да се даде можност во самата апликација да се донираат, ако сакаат граѓаните да ги донираат овие средства во солидарниот фонд и ќе ја разгледаме и таа опција“, вели Ангеловска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира