ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ЌЕ ДОБИВААТ ОТПРЕМНИНА ДО 25.000 ЕВРА ДА ПОЧНАТ БИЗНИС ОТКАКО ЌЕ ИМ ЗАВРШИ ВОЈНИЧКИОТ СТАЖ

    ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ЌЕ ДОБИВААТ ОТПРЕМНИНА ДО 25.000 ЕВРА ДА ПОЧНАТ БИЗНИС ОТКАКО ЌЕ ИМ ЗАВРШИ ВОЈНИЧКИОТ СТАЖДосега војниците имаа опција да продолжат да работат во државна институција и таа опција останува. - Македонски ренџери на вежба во Хрватска (Фото: СДК.МК)

    По завршувањето на војничката кариера кога ќе навршат 45 години, професионалните војници ќе имаат можност да добијат отпремнина во висина од 1.000 евра за секоја помината година во армијата, кажа денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

    Досега тие имаа опција да продолжат да работат во државна институција и како што кажа Шекеринска, таа опција останува, но сега ќе имаат можност и да добијат отпремнина и да почнат сопствен бизнис или друга иницијатива за развој на кариерата.

    „Со оваа можност војниците со поминати 10, 15, 20 или 25 години на служба во Армијата можат да земат по 10, 15, 20 или 25 илјади евра отпремнина, што е солидна сума за започнување на бизнис или друга иницијатива за развој на кариерата, што иако ќе го чини многу буџетот, од друга страна ќе биде и импулс за развој на економијата“, кажа министерката на денешната прес-конференција.

    Од Министерството за одбрана велат дека за остварување на правото на отпремнина, професионалните војници ќе треба да поднесат писмено барање до половина на годината во која полнат 44 години за да можат навремено да ги планираат средствата кои треба да бидат одвоени за оваа намена.

    Оваа најнова измена е дел од Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија кој вчера помина на Влада и се очекува да помине брзо во Собрание.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира