Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Ана Павловска-Данева е избрана за уставна судијка, со 65 „за“ и 26 „против“, денеска во Собранието на 140-та седница.
По гласањето Павловска-Данева даде свечена заклетва. Таа е деветтиот уставен судија, со што овој суд сега е комплетен.
Претседателот на Собранието Јован Митрески кажа дека на професорката, односно на уставната судијка Павловска-Данева, ѝ престануваат сите останати професионални активности.
Мандатот на уставните судии е 9 години.
По оваа точка, пратениците се префрлија на следната – избор на Јавен обвинител на Македонија. Владата предложи еден кандидат, обвинителот Љупчо Коцевски.
С. К. ДЕЛЕВСКА