ПРОЛОНГИРАН РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ ДО БЛАЦЕ ОД ДВА КИЛОМЕТРА ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ НА ТЕРЕН

    ПРОЛОНГИРАН РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ ДО БЛАЦЕ ОД ДВА КИЛОМЕТРА ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ НА ТЕРЕНЛани во ноември беше соопштено дека оваа делница вредна 14,2 милиони евра ќе биде готова до средината на оваа година.(Фото: СДК.МК)

    Рокот за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце во должина од два километра ќе се пролонгира бидејки тешко оди експропријацијата на земјиштето, а на терен излегле и други непредвидени ситуации, кажа директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми.

    Лани во ноември беше соопштено дека оваа делница вредна 14,2 милиони евра ќе биде готова до средината на оваа година.

    „Требаше да се проектира нов потпорен ѕид со должина од 280 метри и да се проектираат косините на оваа делница. Проектите се готови, но поради законските правила за јавни набавки, мораше одново да го отвориме процесот за овие два километра“, кажа директор Ејуп Рустеми

    За втората делница од 10 километри, како што кажа Рустеми, проектот е на ревизија согласно правилата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе ја финансира оваа траса со 120 милиони евра.

    „Идејниот проект за втората фаза е завршен, студијата за животна средина деновиве ќе ја доставиме до ЕБОР. Очекувам во првиот квартал од следната година да имаме и основен проект и да бидат завршени и инфраструктурните проекти, за да можеме да ја започнеме постапката за избор на фирма-изведувач”, изјави Рустеми.

    Тој денеска беше на стартот на првата фаза од реконстуркцијата на патот Робово-Муртино во должина до 3,8 километри, а целиот проект чини 48 милиони денари.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира