ПРОМЕТЕЈ СО ГАЌИ – ОД СИМБОЛ НА ЛИЦЕМЕРИЕ ДО СИМБОЛ НА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОМЕТЕЈ СО ГАЌИ – ОД СИМБОЛ НА ЛИЦЕМЕРИЕ ДО СИМБОЛ НА РЕВОЛУЦИЈА

    Шарената револуција го одбрала споменикот на Прометеј за уривање оти бил симбол на кичот. Обидот да се урне споменикот во паркот „Жена-борец“ во понеделникот заврши неуспешно, но шарените се убедени дека успешно ја пратиле пораката за уривање на власта.
    policija pre prometej

    Иако демонстрантите во понеделникот на 20 јуни не успеаја да го урнат споменикот во паркот „Жена-борец“ тие се убедени дека успешно ја пратиле пораката за уривање на власта (Фото: СДК.МК).

    Зошто Шарената револуција во понеделникот од сите споменици што се дел на контроверзниот проект Скопје 2014 се обиде да го урне баш Прометеј спроти Собранието?
    Исмевањето со споменикот почна со самото негово поставување во 2012 година. Тогаш, на некоја женска организација, за која никогаш не се дозна која е, веднаш откако беше поставен за да му ја покријат машкоста, му додадоа гаќи. Образложението беше дека не било вкусно некој да одмора во паркот спроти Собранието и да гледа во гол маж.
    prometej

    Човек преправен во скул­пту­ра­ налик на Прометеј позираше за време на приемот во Шведската амбасада во јуни 2013 година (Фото: СДК.МК)

    Со овој споменик јавно се мајтапеше и поранешниот шведски амбасадор, Ларс Валунд. На забавата за крај на неговиот амбасадорски мандат во јуни 2013 година, амбасадорот Валунд откри пред гостите жива скул­пту­ра качена на балконот на вилата, која наликуваше на Прометеј. Скул­пту­ра­та на лицето носеше маска со ликот на амбасадорот, беше облечена во бел комбинезон, место гаќи носеше пелена, и во едната рака, високо кре­на­та, држеше пластично пивско шише.
    Ам­ба­са­до­рот Валунд рече дека одлучил да се пошегува, оти сакал да ос­та­не запаметен по нешто интересно и необично пред да си замине од Ма­ке­до­ни­ја.
    „Ова е мојот последен национален празник на Шведска во Македонија. Раз­мис­лу­вав што да направам за да ве изненадам, и на крај одлучив дека ќе ме запаметите со девојки во базен и со ваква скулптура. Неа, пред да за­ми­нам, може да му ја подарам на британскиот амбасадор бидејќи сме со­се­ди, па ако сака може тој да ја земе”, на шега рече Валунд на забавата која се одржа во резиденцијата на Водно.
    прометеј ограден

    Во мај година на група жени им било непријатно со сунѓер да го бришат Прометеј оти ќе ги снимале со камери (Фото: СДК.МК)

    Но Прометеј и сосе гаќи ги засрами жените во мај годинава. По еден од протестите на Шарената револуција кога споменикот беше измачкан со боја, група мајки на ученици од неколку скопски школи, организирани од учителките и директорите на школите дојдоа да го исчистат, но ниту една не извади сунѓер. Им било непријатно оти пред тие да стигнат, кај Прометеј веќе беа дојдени неколку медиуми со камери за да го снимат чистењето.
    Автор на скулптурата Прометеј, сосе корекцијата за гаќите, е Томе Аџиевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари